Алкалоид означи старт на подготовките – пристигна и засилување од Исланд

293

Тимот на Алкалоид прв ги започна подготовките за новата натпреварувачка сезона, а во Автокоманда пристигна и Улфар Пал Монси Тордарсон од Исланд, кој во Македонија ќе го има првото интернационално искуство.

Тој во Македонија пристигнува од Валур, клуб во кој беше еден од најдобрите стрелци и во Алкалоид ќе биде замена за Арно Бинго.

Освен Арно Бинго, од Автокоманда си замина и македонскиот репрезентативец Михајло Младеновиќ, додека Костадин Петров во иднина ќе биде дел од прволигашот Мулти Есенс, односно таму ќе ја подигнува потребната форма.

Претходно си заминаа Благојче Трајковски (Бутел Скопје), Давид Савревски (Охрид) и Франциско Силва. Во клубот пристигнаа Урош Борзаш, Ненад Костески, Емилијан Ѓорговски, Михаил Аларов, како и младите – Давид Трајкоски, Ѓорѓи Николовски и Михаил Ивановски.

Алкалоид, кој во изминатата сезона го освои трофејот во Европскиот Куп, во новата сезона ќе учествува во Лигата на Европа, но за пласман во групите ќе мора најпрво да го елиминира силниот бундеслигаш Хановер.

Порталот користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе

SPORT