Екипата на Алкалоид вчера ги започна подготовките за новата натпреварувачка сезона, а првиот натпревар пред домашната публика момците на Кире Лазаров ќе го одиграат токму во салата „Автокоманда“.
На 6 септември, Алкалоид ќе го одигра реванш натпреварот против Хановер, во рамки на квалификациите за пласман во групната фаза од Лигата на Европа.
Доколку македонскиот тим успее да го елиминира силниот бундеслигаш, неговите навивачи ќе имаат двојна причина за славје, токму пред тој натпревар ќе биде доделен и пехарот од Европскиот Куп, кој Алкалоид го освои минатата сезона.
Првиот дуел меѓу Алкалоид и Хановер ќе се одигра во Германија, на 31 август од 17:00 часот, додека реваншот во Скопје е закажан за 6 септември со почеток во 19:30 часот.