Повратникот во Супер лигата, Еурофарм Пелистер 2, денес ги стартуваше подготовките за новата натпреварувачка сезона.
Најмладиот македонски клуб од елитната категорија по една година се врати во Супер лигата и седум недели по завршувањето на старата, ги започнува активностите во новата сезона.
На првата средба во спортската сала „Боро Чурлевски“ учествуваа сите ракометари, со исклучок на Иван Младенов, кој е дел од кадетската репрезентација која учествува на Европскииот младински фестивал во Скопје.
Тренерот Александар Зарков ќе има на располагање дузина млади ракометари, а тука се и искусните Стефан Дрогришки, Мартин Јовановски, Иван Димитровски…
Ракометарите на Еурофарм Пелистер 2 првата фаза од подготовките ќе ја минат во Битола, потоа на 28 јули се селат во Пехчево, а во периодот од 21 до 24 август тимот ќе учествува на меморијалниот турнир „Миле Нешкоски“ во Прилеп.
Состав на Еурофарм Пелистер 2 за сезона 2025/26