Амбициозниот Прилеп денеска означи старт на подготовките, а новиот тренер Наум Танески на своите избраници им ги претстави плановите за новата сезона, во која клубот ќе атакува на пласман во плеј-оф фазата.
За остварување на целта, Прилеп се засили со повремениот репрезентативец на Македонија, Димитар Димитриоски, кој пристигна од Ваљадолид, како и со Црногорецот Божидар Лековиќ и членот на грузиската репрезентација, Сандро Дарсанија.
На денешниот собир, освен Дарсанија, не беа присутни Томислав Квастек и Христи Бикоски, сите тројца ќе се приклучат во следниот период.
Од младинските категории прекомандување доби Марио Столески, а со тимот ќе тренираат и надежните Јован Соколески и Павел Лажоски…