Црногорскиот голман Василије Печурица, кој пристигна во Македонија во вториот дел од сезона 2021/22, во новата сезона ќе го брани голот на Тиквеш.
Младиот чувар на мрежата најпрво беше дел од Струга и со своите одлични партии си обезбеди трансфер во Битола. Таму бранеше за Еурофарм Пелистер 2, а во изминатата сезона доби прекоманда во првиот тим.
Раководството на Тиквеш добро ги познава неговите квалитети, па без двоумење го ангажираше во своите редови. Искусниот Марјан Велков останува меѓу стативите, а наскоро треба да се дознае и името на третиот голман – најверојатно тоа ќе биде младиот Благој Панов.