Марија Димоска во ТОП 5 стрелци на ЕМОФ, Балоска и Ристовска со солидна бројка на погодоци

745

И покрај тоа што македонската женска кадетска репрезентација го заврши Европскиот олимписки фестивал на последното, осмо место, индивидуалните настапи на дел од нашите ракометарки заслужуваат посебно внимание.

Марија Димоска беше една од најпрецизните ракометарки на целиот турнир, завршувајќи во ТОП 5  листата на најдобри стрелци со 26 погодоци.

Македонија има уште две ракометарки меѓу најдобрите стрелци, тоа се Елена Балоска со 19 погодоци и Мила Ристовска со два помалку, односно 17.

Иако резултатски не блескав, турнирот го потврди индивидуалниот квалитет и потенцијал на македонските млади ракометарки.

Што се однесува до борбата за првите позиции, репрезентацијата на Германија го освои златото, откако триумфираше над Швајцарија со 26:24, а Исланд со победата над Холандија од 31:26 го освои третото место.

Порталот користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе

SPORT