Астибо со нови засилувања – потпишаа Ѓурческа, Филипова, Бојковска и Петровска

135

Астибо од Штип, кој во минатата сезона испиша историја, откако се пласираше во плеј-оф фазата во Женската лига, денеска ги објави новите засилувања за претстојната сезона.

Нови ракометарки во составот на Дејан Величков се бековите Климентина Ѓурческа и Мила Филипова, кружниот напаѓач Марија Бојковска и крилото Ангела Петровска.

Ѓурческа и Бојковска последниот клупски ангажман го имаа во ЖРК Скопје, додека Филипова и Петровска пристигнуваат од Шампион.

Договорот со клубот го продолжи и Елена Димова, а Величков и во новата сезона ќе може да смета на Марија Анчева.

Клубот претходно ја донесе искусната голманка Кристина Младеновска Кузмановска од Овче Поле Славјански Универзитет, како и Хани Чобанова, која исто така е голманка, а потекнува од школата на Металург.

Порталот користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе

SPORT