Утре во Црна Гора (Подгорица) стартува Европското кадетско првенство во женска конкуренција, а еден од учесниците ќе биде и репрезентацијата на Македонија.
Селекторката на Македонија, Даниела Новеска, на Младинскиот олимписки фестивал во Скопје имаше можност да го оцени напредокот на своите избранички пред настапот на кадетскиот континентален собир.
Исто како и во младинската селекција, така и во кадетската, меѓу повиканите ракометарки се најдоа и две прилепчанки.
Станува збор за Ања Лашкоска и Марија Димоска, двете се членки на вториот тим на актуелниот шампион Ѓорче Петров.
Лашкоска настапи и на младинското ЕП, кое исто така се одржуваше во Подгорица, додека Марија Димоска се покажа во солидно светло на ЕМОФ, каде што беше меѓу најдобрите пет стрелци на турнирот.
Македонија е во силна група, бидејќи за ривали ги има репрезентациите на Германија, Словачка и Португалија.
Распоред на натпревари:
30/07/2025, 19:30, Македонија – Германија
31/07/2025, 14:30, Македонија – Словачка
02/08/2025, 19:30, Македонија – Португалија