Прволигашот Македонија Ѓорче Петров и во новата сезона ќе има амбиции да се вклучи во борбата за пласман во елитата.
Добра вест за тимот е што најголемиот дел од ростерот ќе остане ист, а ќе бидат ангажирани само неколку нови играчи, меѓу кои и талентот од Велес, Бобан Петров.
Меѓу оние кои продолжуваат е и играчот со суперлигашко искуство, Мартин Бучуковски, кој е еден од најдобрите стрелци во тимот, а во редовите на „лавовите“ пристигна од Аеродром.
„Најпрво ме привлече тоа што костурот на екипата остана ист, со неколку квалитетни засилувања, и, секако, амбициите на клубот. Имав неколку понуди, но сепак решив да останам во Македонија Ѓорче Петров. Очекувањата за новата сезона се позитивни, со оглед на тоа што има доста квалитетни екипи, а тоа значи дека борбата за врвот ќе биде тесна. Се надевам дека ќе имаме успешен настап во текот на сезоната и дека ќе избориме место во Супер лигата“, изјави Бучуковски.
Првата лига ќе стартува на 13/14 септември, а Македонија Ѓорче Петров за прв ривал го има Мулти Есенс.