Бизарна ситуација: Виборг ја казни ѕвездата по бојкот на соиграчките

243

Поранешниот шампион на Данска, Виборг, за кого играа екс ракометарките на Вардар, Ања Алтхаус, Сања Дамјановиќ и Наташа Нолевска, се соочува со сериозни внатрешни проблеми откако дел од ракометарките одбиле да тренираат заедно со нивниот најдобар стрелец Кристине Педерсен.

Поради тоа, клубот одлучи да ја суспендира на неодредено време, а данските ракометни експерти го оценуваат случајот како срамна ситуација, со критики кон управата на клубот дека предоцна реагирала и не ја препознала кризата во односите меѓу ракометарките.

Педерсен пред извесен период го продолжи договорот со Виборг до 2027 година, а сега клубот пред стартот на сезоната останува без нејзиното големо искуство.

Виборг во 2006, 2009 и 2010 година ја освојуваше титулата во Лигата на шампионите.

Порталот користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе

SPORT