„Лазаров е моја инспирација, од него научив сè што применувам во играта“

334

Црногорецот Мерис Бошњак, кој настапува во Шпанија, во Македонија беше дел од Еурофарм Пелистер 2 и Струга, каде што се истакна како најдобар стрелец во тимот.

Од периодот во Македонија носи само убави спомени. Беше прогласен за најдобар стрелец на 51. издание на меѓународниот турнир во Струга, неколкупати го доби признанието МВП на колото, а неговите одлични настапи во Супер лигата му беа отскочна даска за трансфер во Шпанија.

Во изминатата сезона потпиша за Уеска, клуб кој се натпреварува во најсилната лига во Шпанија, а во интервју за црногорскиот портал mportal.me, Бошњак откри дека Кире Лазаров е неговиот идол.

„Тој навистина е мој идол и ментор низ целата кариера. Од него научив сè што денес го применувам во играта. Лазаров е моја инспирација, не само со начинот на кој играше, туку и со неговиот карактер, пристап и дисциплина“, вели Бошњак за mportal.me.

Младиот бек ги има поминато сите младински категории на Црна Гора. Во родната земја настапуваше за Прв Ас и Морнар Бар, а пред да дојде во Македонија беше дел од словенечкиот тим Добова

Порталот користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе

SPORT