Поранешниот шампион на Македонија, Куманово, активно работи на пополнувањето на ростерот за новата натпреварувачка сезона.
Од клубот денес објавија дека нови ракометарки се Михаела Николовска која има 17 години, потоа Меланија Јовановска која има 16 години, а „најстарата“ во ова трио е Ева Ѓорѓиевска која има 18 години.
Сите три доаѓаат од Илиндин Вардар и сигурно играњето во екипа како Куманово за нив ќе претставува отскочна даска во кариерата.
Куманово во новата сезона ќе учествува и на европска сцена, поточно во Европскиот Куп, каде што за ривал во второто коло ја има Гарлијава од Литванија.