Поранешен играч на Еурофарм Пелистер во стручниот штаб на Словенија на СП!

276

Поранешниот ракометар на Еурофарм Пелистер, Анже Ратајец, кој во битолскиот тим мина кратко време, ја започна својата прва голема репрезентативна мисија како дел од стручниот штаб на кадетската репрезентација на Словенија.

Во улога на асистент на селекторот Марко Шибила, Ратајец помогна до убедлива победа на стартот на Светското кадетско првенство кое се одржува во Египет.

Словенија полесно од очекуваното славеше против незгодната репрезентација на Фарски Острови со 13 гола разлика, 38-25.

Минатата сезона, Ратајец го предводеше кадетскиот тим на Тримо Требње до злато во словенечкиот шампионат.

Во групата А, Словенија ќе се соочи и со Германија и Уругвај.

Порталот користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе

SPORT