Црногорскиот интернационалец Богдан Мијушковиќ одлучи да остане во Македонија и во новата натпреварувачка сезона ќе го носи дресот на Тиквеш.
Младиот Мијушковиќ во вториот дел од сезона 2022/23 потпиша за Еурофарм Пелистер 2, кој му беше второ интернационално искуство по настапите за словенечката Добова.
Беше приклучен и во првиот тим на Еурофарм Пелистер, но за поголема минутажа, во изминатата сезона настапуваше за Струга.
Сега левиот бек се приклучува во амбициозниот проект од Кавадарци, па така тренерот Кристијан Грчевски ќе има добар ростер на располагање.
22-годишниот ракометар ги има минато сите младински селекции на неговата татковина.