Македонскиот интернационалец Матеј Тричковски ќе има нов интернационален предизвик во новата сезона.
По една сезона помината во Португалија, младиот кружен напаѓач се сели во Шпанија, каде што ќе го носи дресот на Елче, клуб кој се натпреварува во тамошната третолигашка конкуренција.
Во минатата сезона Тричковски беше дел од португалскиот Вела де Тавира, а пред тоа настапуваше за Копер и Јадран од Козина, каде работеше под водство на поранешниот член на Вардар, Матјаж Брумен.
Кариерата ја започна во редовите на Металург, потоа настапуваше за младинските категории на Алкалоид, а во сезоната 2022/23 со Мулти Есенс ја освои титулата во Првата лига.
Во Шпанија настапува и Дарко Димитриевски, кој со Аликанте ќе игра во Асобал лигата.