Тимот на Астибо, кој во изминатата сезона испиша историја со пласманот во плеј-оф фазата во Женската лига, ги стартуваше подготовките за новата сезона.
Штипјанки ќе одиграат неколку пријателски натпревари пред почетокот на новата сезона, во која клубот ќе посакува да биде поконкурентен во Женската лига.
За остварување на целите беа ангажирани неколку засиливања – Климентина Ѓурческа, Мила Филипова, Ангела Петровска, Кристина Младеновска Кузмановска и Хани Чобанова.
Тренерот Дејан Величков и во новата сезона ќе ја има на располагање искусната Марија Анчева.