Легендарниот Манасков го презема Вардар Неготино

412

Еден од легендите на македонскиот ракомет, Пепи Манасков, во новата сезона ќе биде предводник на прволигашот Вардар Неготино, пренесува 24Ракомет.

Велешанецот последниот клупски ангажман го имаше во младинските категории на Алкалоид, а претходно беше тренер на Работнички, Вардар Јуниор, Куманово…

Со ангажманот на Манасков како тренер, раководството на Вардар Неготино јасно стави до знаење дека има аспирации за камбек во најквалитетното домашно натпреварување.

Неготинци пред две сезони играа во Супер лигата, но не успеаја да го задржат суперлигашкиот статус и се преселија во прволигашкото друштво.

Поголемиот дел од играчите кои го носеа дресот во изминатите две сезони остануваат во Вардар Неготино, а во следниот период се очекува да биде познат и целиот ростер за новата сезона.

Првата лига стартува на 13/14 септември, а неготинци во првото коло ќе гостуваат во Свети Николе кај Овче Поле.

 

 

 

Порталот користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе

SPORT