Македонската интернационалка Ангела Костовиќ одлучи да не ја менува средината и ќе продолжи да настапува за тимот на Краина Чазин од БиХ.
Костовиќ, која има искуство и во европските натпреварувања, на домашната сцена настапуваше за Вардар, Ѓорче Петров, Чаир и Овче Поле Славјански Универзитет.
Десниот бек потекнува од школата на „црвено-црните“ и беше дел од сите големи успеси со пионерската, кадетската и младинската екипа на Вардар.
Со босанскиот тим, македонската ракометарка покрај настапите во тамошната лига ќе игра и во Европа, поточно во Европскиот куп.
Ривал на Краина Чазин во 2. коло ќе биде Сплит од Хрватска, па така Костовиќ и нејзините соиграчки ќе имаат сериозен предизвик во борбата за пласман понатаму на европска сцена.
Во тимот на Краина Чазин настапува и уште една поранешна ракометарка на Чаир, Амела Џакмиќ.