Еден од ривалите на Еурофарм Пелистер во групната фаза од Лигата на шампионите, данскиот ГОГ Гудме, објави уште едно засилување за новата сезона.
Станува збор за Швеѓанецот Каспер Кал, кој пристигна од францускиот Тулуз. 24-годишниот ракометар во Франција настапуваше од 2023 година, а претходно го носеше дресот на Луги.
ГОГ Гудме ќе биде посилен и со ѕвездата во подем, Оли Митун, кој го одбра данскиот тим како одлична средина за својот развој.
Тимот од Данска во Битола ќе гостува на 24 септември, во рамките од 3. коло од најквалитетното европско натпреварување.
