Средниот бек Стефан Кочаров, кој во вториот дел од минатата сезона настапуваше за Радовиш, во новата сезона ќе има нов клуб.
Тој на своја адреса има понуди од суперлигашки и прволигашки клубови, па во следниот период ќе треба да одлучи каде ќе ја продолжи својата кариера.
Кочаров може да одигра и како лев бек, а го носеше дресот уште на Шампион, Работнички, Вардар Неготино, Пролет, Борец ФЛ…
Зад себе има интернационално исксутво со настапите за косовската Вјоса, клуб во кој беше меѓу најдобрите играчи.