Стружанецот Немања Џигероски својата кариера ќе ја продолжи во Автокоманда, каде што ќе настапува за прволигашот Мулти Есенс.
Талентираниот бек од Струга со своето суперлигшако искуство се очекува да биде големо засилување за Мулти Есенс, кој во минатата сезона играше суперлигашки бараж, но не успеа да се врати во елитата.
Џигероски го носеше дресот и на Голден Арт, во овој клуб настапуваше за младинските категории, како и во сениорскиот тим.
Мулти Есенс претходно го ангажираше и Јулијан Матески, исто така од сениорскиот тим на Струга.