Прволигашот Македонија Ѓорче Петров ги стартуваше подготовките за новата сезона, во која ќе атакува на повисок пласман од минатата сезона.
Македонија Ѓорче Петров во минатата сезона немаше многу среќа и не успеа да обезбеди суперлигашки бараж, а во новата сезона клубот ќе биде посилен со неколку играчи.
Покрај ангажирањето на средниот бек Бобан Петров и десниот бек Дарко Рангелов, раководството на „лавовите“ донесе уште две засилувања.
Станува збор за повратникот Обрен Фичуроски и Александар Грујевски, првиот последно играше на Косово, додека Грујовски доаѓа од Скопје.
Фичуроски има настапувано и за Јехона, па со своето искуство се очекува да биде од голема помош за амбициозниот прволигаш, кој и во новата сезона ќе смета на капитенот Боби Неделковски.
Во прволигашот останува и еден од најдобрите – Мартин Бучуковски, како и поголемиот ростер од претходната сезона, а заминаа само пет играчи.