Македонија вчера ја оствари првата победа на Европското првенство Б-дивизија кое се одржува во Скопје, откако триумфираше над Словачка со 84-60. Со триумфот, нашите кадети го освоија 4-то место во својата група и изборија опстанок во Б-дивизијата, а во продолжение ќе разигруваат за пласман од 9 до 16 место.
На сите пет одиграни натпревари одлично се покажа еден од најголемите наши кошаркарски таленти, Лука Чучанов, кој е номиниран за најкорисен играч, односно МВП на првенството, каде кандидатите се избираат од сите земји учеснички, а дел од репрезентациите имаат повеќе од еден претставник.
Гевгеличанецот има одлична статистика зад себе, па за 148 минути на паркетот (просек 29.6 минути по натпревар) постигна 47 поени, што е 9.4 по натпревар со 34.3% реализација од игра (43.8% за два и 26.3% за три поени) и 75% од линијата за слободни фрлања.
Чучанов е вистинска сила под кошевите, со вкупно 57 скокови, од кои дури 54 дефанзивни (просек 11.4 по натпревар), што го вбројува на второто место меѓу најдобрите скокачи на првенството, веднаш зад Данецот Аугуст Молер.
Свој придонес има и во организацијата на играта со 14 асистенции, додека неговата просечна ефикасност изнесува 15.2 по натпревар.
Најдобриот негов натпревар досега беше против репрезентацијата на Кипар остварувајќи одличен дабл дабл со 18 поени и 16 скока.
Целосната статистика на Лука Чучанов за петте натпреари од групната фаза.
За Лука Чучанов може да гласате на линкот во продолжение…