Легендарниот Петерсoн дел од стручниот штаб на Летонија

80

Некогашниот репрезентативец на Исланд, Александар Петерсон, кој е роден во Рига, токму на Балтикот ќе ја започне својата тренерска кариера.

Прославениот Петерсон, по завршувањето на минатата сезона, реши да стави крај на активното играње, а сега добива шанса да биде асистент во машката сениорска репрезентација на Летонија.

По истекот на мандатот на Давор Чутура, ракометната федерација на балтичката земја за нов селектор го назначи Маргот Валковскис, додека Петерсон ќе му биде прв помошник.

Петерсон, кој има 45 години, својата играчка кариера ја започна во исландскиот клуб Грота, а потоа настапуваше во Германија, каде го носеше дресот на Фленсбург, Рајн Некар, Мелсунген…

Во Бундес лигата одигра вкупно 522 натпревари и постигна 1.757 голови, а во минатата сезона заеднно со Валур беа едни од ривалите на Вардар во групната фаза во Лигата на Европа.

Порталот користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе

SPORT