Зоран Спиркоски е нов тренер на ЖРК Деспина

273

Екипата на ЖРК Деспина во новата сезона ќе ја предводи Зоран Спиркоски – познат стручњак кој долги години беше дел од овој клуб и на местото секретар.

Како што е познато, досегашниот тренер на Деспина, Адријано Котевски, заминува во Грција, па раководството одлучи дека Спиркоски е најдоброто решение за претстојната сезона.

Првиот собир на Деспина е закажан за 18 август, а дополнително ќе биде објавено со каков играчки кадар ќе настапи тимот во прволигашката конкуренција и кои ќе бидат новите засилувања.

Позитивна вест за прилепскиот клуб е што искусната Мери Гичева ќе продолжи да игра и во следната сезона, па со своето големо искуство ќе биде значајна потпора за помладите ракометарки.

Од клубот си заминаа Матеа Чурлиновска, Андреа Конеска, Мирјана Думбалоска… а можно е да има уште неколку промени до стартот на сезоната.

Порталот користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе

SPORT