Александра Кузмановска ќе ги предводи пионерките на ЖРК Вардар

90

Александра Кузмановска, која важи за еден од најперспективните тренери во Македонија, во новата сезона ќе биде предводник на пионерскиот тим на ЖРК Вардар.

Под нејзино водство, пионерките веќе ги започнаа подготовките за новата сезона, а станува збор за талентирана генерација, па така Кузмановска ќе има дополнителен мотив во новиот ангажман.

Кузмановска ќе продолжи да работи и во сениорскиот тим на ЖРК Вардар како тренер на голманите, а истовремено ќе остане и со најмладите членови како тренер во ракометната школа на клубот.

Минатата година, таа се стекна со највисоката тренерска лиценца – Мастер Коуч.

Порталот користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе

SPORT