Од 21, па до 24 август, во Прилеп ќе се одржи 10-то издание на Меморијален турнир „Миле Нешкоски“.
Освен домаќинот, на турнирот ќе настапат уште четири суперлигаши – Бутел, Пролет, Тиквеш и Еурофарм Пелистер 2, а единствена странска екипа ќе биде Црвена Ѕвезда од Србија.
Во тимот од Белград настапува и младиот Андреј Петриќ, кој важи за еден од најперспективните млади играчи во српскиот ракомет, а настапот во Прилеп ќе биде своевидно претставување пред македонската публика, која добро ги познава и неговиот татко Владимир – поранешен играч на Вардар, како и братот Стефан, кој од оваа сезона настапува за амбициозниот Охрид, а во претходните две сезони беше дел од Вардар.
Црвена Ѕвезда се наоѓа во група со Пролет и Еурофарм Пелистер 2.
Натпреварите на турнирот ќе се играат во спортска сала при СОУ „Ристе Ристески Ричко“, а влезот за сите љубители е слободен. Како и секоја година, се очекува турнирот да привлече посетители не само од Пелагонискиот регион, туку и од други градови од земјата.
РАСПОРЕД:
21 АВГУСТ
15:30 – Положување на цвеќе пред споменикот на Миле Нешкоски
18:00 – Пролет- Еурофарм Пелистер 2
20:00 – Прилеп – Бутел
22 АВГУСТ
18:00 – Црвена Звезда – Еурофарм Пелистер 2
20:00 – Прилеп – Тиквеш
23 АВГУСТ
18:00 – Црвена Звезда – Пролет
20:00 – Тиквеш – Бутел
24 АВГУСТ
15:00 – Меч за петто место
17:00 – Меч за трето место
19:00 – Финале
20:30 – Доделување награди и свечено затворање на турнирот