Екипата на Алкалоид го освои трофејот на 31. издание на меморијалниот турнир „Јоже Шилц“ во Рибница, Словенија.
Момците на Кире Лазаров во финалето го совладаа домаќинот Рико Рибница со 35-32 и без ниту еден пораз го завршија подготвителниот период за новата сезона.
Претходно, Алкалоид беше подобар од Шкофја Лока и од актуелниот словенечки првак Слован Љубљана.
Младиот член на Алкалоид, Иван Галевски, беше прогласен за најдобар голман на турнирот.
Алкалоид на 31 август ќе го игра првиот европски натпревар од новата сезона, во квалификациите за пласман во групната фаза на Лигата на Европа.
Ривал на македонскиот тим е силниот Хановер, а реваншот меѓу двата тима е закажан за 6 септември во спортската сала „Автокоманда“.
Во минатата сезона Алкалоид стигна до трофеј во Европскиот Куп, а на домашна сцена заврши на третото место.