Србија под шпанска команда

386

Иако се очекуваше дека Французинот Емануел Мајонад ќе биде новиот селектор на женската сениорска репрезентација на Србија, сепак РСС се реши за друго решение, а тоа е Шпанецот Хозе Инасио Прадес, кој доаѓа на местото на Бент Дал.

Искусниот стратег и ракометната куќа на Србија се договорија на тригодишна соработка.  Сега Србија има двајца селектори од Шпанија, бидејќи машката сениорска селекција ја предводи поранешниот тренер на Вардар, Раул Гонзалез.

Србинките обезбедија учество на Светското првенство 2025, кое ќе се одржи во периодот од 26 ноември до 14 декември, а ко-организатори на Мундијалот се Германија и Холандија.

Во групната фаза, нашиот сосед за ривали ги има репрезентациите на Германија, Уругвај и Исланд.

 

Порталот користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе

SPORT