Амбициозниот прволигаш Младост Богданци ја забележа првата победа во третиот подготвителен натпревар сезонава, совладувајќи го суперлигашот Радовиш.
Претходно, избраниците на Горан Андоновски беа поразени од Еурофарм Пелистер и на првата контролка токму од Радовиш, па овој триумф дојде како добредојден поттик пред стартот на сезоната.
Во натпреварот кој заврши со убедливи 38:28, домаќинот уште на полувреме имаше предност од пет голови (18:13). Голем хендикеп за гостите беше неиграњето на Здравко Постолов и новото засилување, Бобан Каковски.
Најновото засилување на Младост, Жоао Габриел Диас Гека, ги покажа своите квалитети, а од таборот на прволигашот изразија големо задоволство од неговата ангажираност
. Следниот тест за Младост Богданци е закажан за 27 септември, против уште еден суперлигаш – Куманово