Еурофарм Пелистер 2 го освои трофејот на турнирот „Миле Нешкоски“

236

Ракометарите на Еурофарм Пелистер 2 го освоија трофејот на 10. издание на меморијалниот турнир „Миле Нешкоски“ во Прилеп, откако во финалето славеа над домаќинот со 32:26 (15:17).

Битолчани настапија сигурно во текот на целиот турнир, не претрпеа ниту еден пораз и на најдобар можен начин ги заокружија подготовките пред стартот на новата сезона.

За нив ова е дополнителна мотивација во пресрет пред враќањето во Суперл лигата по едногодишна пауза, а токму во првото коло од најквалитетното натпреварување гостуваат во Прилеп.

Третото место им припадна на ракометарите на Пролет, кои по изведувањето на пенали беа поуспешни од Тиквеш, триумфираа со 29:27.

Во борбата за петтата позиција, Бутел Скопје ја совлада Црвена Ѕвезда со 37:31.

 

За МВП на турнирот беше прогласен бекот на Еурофарм Пелистер, Христијан Митревски. Наградата за најдобар голман замина кај неговиот соиграч Мартин Јовановски, а најдобар стрелец беше Димитар Димитриоски од домашниот тим.

Камер Металари од страна на организаторот доби признание за придонесот во успешната организација на претходните изданија, а еден од легендите на прилепскиот ракомет – Пеце Велјаноски го доби признанието за животно дело.

Порталот користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе

SPORT