Во линија на продолжувањето на договорите со браќата Атанасијевиќ, македонскиот шампион Еурофарм Пелистер ја информираше јавноста за уште еден важен потпис за сегашноста и иднината на клубот.
Мирче Калајџиески се обврза на верност со Еурофарм Пелистер до јуни 2029 година, со што ја прифати подадената „рака“ од клубот да биде дел од следниот проект.
21-годишниот среден бек од Словенија дојде во Битола и веднаш се наметна во една ипол сезона во дресот на Еурофарм Пелистер 2.
Од оваа сезона е член на Еурофарм Пелистер и веќе е стандарден член во тимот предводен од Рубен Гарабаја. Талентираниот среден бек со Еурофарм Пелистер 2 избори промоција во Суперлигата за сезоната 2025/26.