Шампионот на Македонија во женска конкуренција, тимот на Баскет Кам, објави дека нов тренер на тимот е поранешниот репрезентативец на Македонија, легендарниот Тони Симиќ, кој тренерската палка на тимот од Македонска Каменица ја презема од Жаклина Стојановска.
Симиќ зад себе има богата играчка кариера во МЗТ Скопје, Работнички, Фени Индустри, Вардар, Гостивар… а како тренер успешно ги предводеше Работнички, Академија ФМП и Шкупи.
Ова е негов прв ангажман во женската сениорска кошарка, а последниот клупски ангажман го имаше во школата на Вибас Баскет.
,,Баскет Кам продолжува да поставува нови и повисоки стандарди, а Македонска Каменица останува центар на македонската кошарка”, стои во дел од соопштението на шампионот.
Симиќ е добро запознаен со средината, бидејќи го има предводено машкиот тим на Баскет Кам.