Радовиќ: Битолската публика е посебна и најдобра на светот

430

Од 28 до 30 август, спортскиот центар „Борис Трајковски“ ќе биде домаќин на Регионалната ракометна лига, натпреварувачки турнир кој ќе ги обедини ракометните екипи од Македонија, Црна Гора и Србија.

Меѓу учесниците ќе биде и црногорскиот Ловќен, во кој настапува Мирко Радовиќ – ракометар кој најубавите моменти од својата кариера ги имаше токму во Македонија, поточно во Еурофарм Пелистер.

Радовиќ пристигна во Македонија во сезоната 2018/19 и како капитен во сезона 2022/23 го предводеше Еурофарм Пелистер до освојување на шампионската титула на домашна сцена. Тоа за битолчани значеше прва титула по пауза од 18 години.

Еурофарм Пелистер, исто така, ќе биде учесник во Регионалната лига, а Радовиќ во разговор за „Спортски Агол“ имаше само пофални зборови за Битола, битолската публика и неговиот поранешен клуб.

„Моите впечатоци за Битола како град се феноменални. Луѓето се топли и грижливи, а моето семејство и јас бевме прифатени на прекрасен начин. Имав чест да бидам капитен на екипата на Еурофарм Пелистер која после речиси две децении ја врати шампионската титула во Битола и многу сум горд на таа екипа и група одлични момци со кои го остваривме тоа. Атмосферата е како никаде во светот, а според мое мислење, битолската публика е посебна и најдобра на светот. Некои од најубавите моменти во кариерата и животот ги поминав токму во Битола – успесите со Еурофарм Пелистер, прославата на титулата пред цела Битола. Таму ми се родија децата, таму ми се пријателите и кумовите. Тоа е мојот втор дом и таму секогаш со радост се враќам“, изјави Радовиќ.

Ловќен на првиот ден од турнирот ќе игра против Вардар, потоа на 29 август ќе игра со Еурофарм Пелистер, а на 30 август ќе ги одмери силите со Војводина од Нови Сад.

Целото интервју со Мирко Радовиќ погледнете го на линкот во продолжение…

 

 

 

Порталот користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе

SPORT