„Во организација на Ракометниот клуб Делчево, на 6 и 7 септември ќе се одржи првиот меѓународен меморијален турнир во ракомет „Андреа Ампова 2025“.
Турнирот ќе има натпреварувачки карактер, но неговата најголема цел е да го одржи живо името и споменот на младата Андреа Ампова, која почина на само 10-годишна возраст, а ракометот ѝ беше сè.
На турнирот ќе учествуваат ЖРК Топличанин (Србија), Ракометна школа Топка (Велес), скопските ЖРК Вардар и ЖРК Спартак, како и домаќинот со генерацијата 2013/2014.
За сите учесници се обезбедени медали, а на 6 септември навечер ќе се одигра и ревијален натпревар од сите ракометарки кои биле дел од тимот на Делчево.