Тимот на Алкалоид утре заминува за Германија, каде на 31 август ќе го одигра првиот квалификациски меч против Хановер за пласман во групната фаза од Лигата на Европа.
Алкалоид, кој минатата сезона го освои трофејот во Европскиот куп, пред себе има силен ривал, па момците на Кире Лазаров ќе мора да го дадат максимумот доколку сакаат прогрес на европската сцена.
Хановер ја отвори сезоната со пораз во Бундес лигата, откако загуби од Гумерсбах, но сепак важи за еден од посилните тимови во второто по ранг европско клупско натпреварување.
Првата пресметка меѓу двете екипи е закажана за 31 август во „Свис Лајф Арена“ со почеток од 17:00 часот.
Реваншот ќе се одигра на 6 септември во спортската сала „Автокоманда“ со почеток од 19:30 часот, а победникот од овој двобој ќе обезбеди место во групната фаза и ќе има уште најмалку шест натпревари за играње.