Барса по пенали го освои трофејот во Иберискиот Супер Куп

111

Еден од ривалите на Еурофарм Пелистер во групната фаза од Лигата на Шампионите, Барселона, го освои трофејот на Иберскиот Супер Куп, откако во финалето славеше над Спортинг Лисабон по изведување на пенали со 35:34.

Регуларниот дел заврши нерешено, 31:31, а каталонскиот гигант покажа максимална смиреност во пенал-рулетот и ја обезбеди победата.

Херој на Барса беше голманот Виктор Халгримсон, кој го запре последниот удар на мотивираниот тим од Лисабон.

Ова е четврти последователен трофеј за Барселона, која триумфираше на сите четири изданија на Иберискиот Супер Куп.

Во мечот за третото место, Порто го совлада Адемар Леон со 28:23, освојувајќи го бронзениот медал.

Барселона во Битола ќе гостува на 16 октомври.

Порталот користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе

SPORT