Ева Кириловска со нов предизвик во Вардар

71

Поранешната ракометарка на Кузман Вардар, Ева Кириловска, која има 22 години, во новата сезона ќе биде дел од тренерскиот тим на ракометната школа на ЖРК Вардар.

Кириловска уште пред три години, во својот матичен клуб Кузман Вардар, започна со тренерската работа, беше десна рака на Александра Кузмановска, а од минатата сезона е дел од школата и на РК Вардар.

Нејзината улога ќе биде особено важна во откривањето и развојот на талентите кои подоцна треба да играат во младинските категории.

 

Порталот користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе

SPORT