Младиот голман Андреј Петковски за оваа сезона одлучи да се проба во странство и потпиша за еден од подобрите клубови од Полска, Азоти Пулави.
Македонецот уште во првото коло од полскиот шампионат покажа дека ќе биде одлично засилување за полскиот суперлигаш.
Неговиот тим славеше против Стал Миелец по изведувањето на пенали со 29:28, откако регуларниот дел заврши 25:25.
Петковски блескаше на голот, запиша 14 одбрани (47% успешност) и сосема заслужено го понесе епитетот МВП на натпреварот.
Екс голманот на Вардар, Вардар Јуниор, Голден Арт и Пролет одлично се покажа и во текот на подготвителниот период.
Во второто коло од најсилното натпреварување во Полска, тимот на Петковски ќе игра пред својата публика против Калиш.