Репрезентативецот Митревски се сели во Пелистер

101

Македонскиот репрезентативец и довчерашен капитен на Феникс, Андреј Митревски, кој со години важи за еден од најперспективните домашни играчи во Првата лига, е најнов член на Пелистер.

Митревски своите квалитети ги покажа и во претходниот претквалификациски циклус за СП 2027 во кој беше меѓу ретките светли точки во македонскиот национален тим, во просек бележејќи по 10,3 поени, 2,5 скокови и 2 асистенции по натпревар.

За услугите на младиот кошаркар се интересираа и неколку клубови од американската НЦАА-лига, но тој го избра токму битолскиот клуб како идеална опција за напредок во кариерата.

Новиот член на Пелистер ги покрива позициите „еден“ и „два“, каде ќе му биде од огромна корист на тренерот Даскаловски за остварување на зацртаните цели за новата натпреварувачка сезона.

Пред три сезони имаше понуда да започне интернационална кариера, но сепак, тој одлучи да остане во македонската лига.

Битолчани во новата сезона ќе играат и квалификации за Лигата на шампионите.

Порталот користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе

SPORT