🎥Босанскиот коментатор во делириум по тројката на Лазиќ!

106

Репрезентацијата на Босна и Херцеговина по пауза од цели 32 години конечно обезбеди пласман во нокаут фазата на Европското првенство, откако во последното коло од групната фаза ја совлада Грузија со 84-76.

За БиХ ова не е само пласман во ТОП 16, туку и историски успех кој ја враќа репрезентацијата меѓу најдобрите во Европа. Последен пат кога се пласираше во осминафинале беше во далечната 1993 година, за време на граѓанската војна, кога заврши на осмото место.

Во победата над Грузија, Јусуф Нуркиќ беше клучниот човек со дабл-дабл учинок од 15 поени и 12 скокови, додека Џон Роберсон и Александар Лазиќ придонесоа со 15, односно 13 поени. Босанците погодија дури 14 тројки – двојно повеќе од противникот, што се покажа како пресуден фактор за триумфот.

Со овој резултат, БиХ ја заврши групната фаза со скор 3-2 и обезбеди билет за осминафиналето, каде во Рига ќе се соочи со Полска.

Во продолжение погледнете како коментаторот Един Адвиќ полуде по тројката на Лазиќ…

 

Порталот користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе

SPORT