Најдобриот стрелец и МВП од кадетскиот Ф4 потпиша за Мулти Есенс

414

Талентираниот ракометар од Струга, Стефан Ѓорѓиески, во новата сезона ќе биде дел од прволигашот Мулти Есенс.

Левото крило во минатата сезона со Струга го освои среброто на Ф4 турнирот во кадетска конкуренција, каде што доби и три индивидуални награди.

Ѓорѓиески беше прогласен за МВП, односно најкорисен играч, а го доби признанието и за најдобар стрелец и најдобро лево крило.

Зад себе има и суперлигашко искуство, па се очекува да биде одлично засилување за прволигашот од Автокоманда.

Иако има млад состав, Мулти Есенс повторно се очекува да биде еден од кандидатите за висок пласман во Првата лига.

 

Големиот талент Стефан Ѓорѓиевски ќе игра за прволигашот Мулти Есенс

Порталот користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе

SPORT