Според планираното, машката младинска ракометна лига ќе започне за две недели, на 20/21 септември. За разлика од минатата сезона, кога се пријавија 15 екипи, во оваа сезона ќе се натпреваруваат само десет, односно пет помалку.
Од суперлигашите, младински тим немаат Охрид, Прилеп, Струга и Радовиш. Минатата сезона Прилеп учествуваше во младинската лига, додека останатите три клубови немаа младински состав.
Само две прволигашки екипи ќе имаат претставници во младинската лига, а тоа се Вардар Неготино и Мулти Есенс.
Во минатата сезона учествуваа и Партизан Гевгелија, Астраион, Преспа Вардар, како и Металург РА и Скопје, клубови кои сега се во мирување.
Бранител на титулата кај младинците ќе биде Мулти Есенс.
Екипи кои ќе учествуваат во младинската лига за сезона 2025/26:
Еурофарм Пелистер
Алкалоид
Мулти Есенс
Еурофарм Пелистер 2
Бутел Скопје
Тиквеш
Вардар Неготино
Куманово
Пролет
Вардар