Стартуваше кадетската лига: Шампионот славеше над Алкалоид, победи и за Вардар, Прилеп и Пролет

140

Денеска стартуваше новата сезона кај кадетите, а на првите натпревари победи остварија екипите на Вардар, Прилеп, Пролет и актуелниот бранител на титулата, Еурофарм Пелистер. Првото коло ќе се комплетира со утрешните натпревари.

Еурофарм Пелистер – Алкалоид 35:26 (15:12)
Бранителот на титулата, Еурофарм Пелистер, пред својата публика славеше над Алкалоид. Младите пелистерци водеа во текот на целиот натпревар и убедливата победа ја обезбедија со одличната игра во последните 20 минути. Најефикасен во победничкиот тим беше Горазд Мијалчев со десет погодоци, сите од игра. Кај Алкалоид, кадетскиот репрезентативец Максим Гарбески постигна девет погодоци, а еден помалку имаше Борјан Благоjев.

Текстилец – Вардар 29:38 (15:19)
Кадетите на Вардар рутински одиграа на гостувањето во Штип и дојдоа до убедлива победа. Одличен натпревар за гостите одигра стружанецот Давор Мечкароски, кој веќе има и суперлигашко искуство. Тој натпреварот го заврши со девет погодоци и имаше неколку асистенции кон своите соиграчи. Кај поразениот тим, Петар Зафиров и Христијан Коцев постигнаа по девет погодоци.

Прилеп – Македонија ЃП 32:31 (14:15)
Во интересен натпревар, тимот на Прилеп успеа да ја совлада Македонија Ѓорче Петров за победнички старт во новата сезона. Гостите имаа последен напад за реми, но ударот на Мирков заврши во рацете на домашниот голман Дамјан Талески.

Најрасположени за игра во редовите на прилепчани беа Марио Столески и Божидар Тодороски со по девет погодоци. На другата страна, Никола Кузевски постигна 12 погодоци, но тоа не беше доволно за барем бод на „лавовите“.

Преспа – Пролет 20:31 (10:15)

Новоформираниот клуб во Ресен, Преспа 2025, загуби од Пролет, во натпревар во кој домаќинот имаше одличен старт и дваесетина минути беше рамноправен ривал. Пролет во победата беше предводен од Борјан Црцаревски со шест погодоци, додека кај домаќините најефикасни беа Наум Бумбаровски и Христијан Антоновски со по четири реализации.

Кадетска машка лига, 1. коло, резултати:

Група А
Текстилец – Вардар 29:38 (15:19)
14/09, 14:00, Мулти Есенс – Илинден Вардар
14/09, 14:00, Еурофарм Пелистер 2 – Младост
14/09, 19:00, Овче Поле – Радовиш

Група Б
Еурофарм Пелистер – Алкалоид 35:26 (15:12)
Прилеп – Македонија Ѓорче Петров 32:31 (14:15)
Преспа – Пролет 20:31 (10:15)
14/09, 14:00, Охрид – Струга

Порталот користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе

SPORT