🎥Димитријевиќ погоди од „паркинг“ против Фенербахче

1.053

Репрезентативецот на Македонија, Ненад Димитријевиќ, кој од оваа сезона ќе го носи дресот на Олимпија Милано, заедно со неговиот тим учествуваат на турнир на Крит и во првиот натпревар од турнирот беа поразени од Фенербахче.

Крајниот епилог од средбата беше 81:76 за Фенербахче, а Димитријевиќ се покажа во одлично светло, плејмејкерот реализираше 14 поени и зад себе запиша уште пет скока и три асистенции. Италијанскиот шампион против домашниот ривал Виртус ќе се бори за третото место на турнирот.

Македонецот во првата четвртина погоди неверојатна тројка од голема далечина и покажа дека е вистинско засилување за Олимпија Милано.

Погледнете….

 

Порталот користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе