Вучевска и Сентовска во елемент – Овче Поле Славјански Универзитет славеше во Струга

372

Екипата на Овче Поле Славјански Универзитет ја забележа првата победа во новата сезона, откако на гостувањето во Струга кај Стружанка славеше со 33:26 (14:14) во рамки од 2. коло од прволигашката конкуренција.

Тимот од Свети Николе беше предводен од Елена Вучевска со 13 и Анастасија Сентовска со девет погодоци, додека во таборот на домашниот тим се истакнаа Теодора Маркоска и Маја Раткушиноска со по четири погодоци, а еден помалку имаше Јана Петреска.

Избраничките на Илија Бетувски во следното коло, кое ќе се одигра по ЕХФ неделата, на свој терен ќе го пречекаат Шампион.

 

Порталот користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе

SPORT