Јехона од Гостивар за оваа сезона по првпат реши да пријави сениорски тим кај дамите и во 2. коло од Првата лига успеа да ги освои првите бодови.
Тимот предводен од тренерот Фари Селмани славеше на гостувањето во Скопје кај Шампион со 32:13, а победата беше обезбедена уште во првото полувреме.
Гостинките од Гостивар за 30 минути игра постигнаа 15, а примија само четири гола, па така вториот дел беше повеќе формалност.
Одличен натпревар во дресот на Јехона одигра талентираната Алтина Хасани, која натпреварот го заврши со 11 погодоци, а седум додаде Марија Ѓорѓиевска.
Прва лига, жени, 2. коло, резултати:
Шампион – Јехона 13:32 (4:15)
Деспина – Атлетик 19:28 (6:11)
Стружанка – Овче Поле Славјански Универзитет 26:33 (14:14)
Ѓорче Петров 2 слоб.