Екипата на Прилеп пред својата публика ја запиша првата победа во новата натпреварувачка сезона.
Прилепчани во неизвесен натпревар, иако добро отворија, славеа над Куманово со 33:32, а предводник во победата на домаќините беше искусниот Димитар Димитриоски, кој постигна 12 гола од 14 обиди.
Домаќините тргнаа добро, на моменти водеа со 5-6 разлика, но како одминуваше натпреварот, така избраниците на Станковски се враќаа во игра.
По 30 минтуи игра, резултатот беше 18:16 за домаќинот, а вториот дел донесе голема неизвесност, во која Прилеп беше пофокусиран во последните две минути, голманот Христоски фати неколку топки, а Куманово има за што да жали, бидејќи можеше да се избори за бод.
Гиљерме Да Силва Фернандеш, кој не го доигра натпреварот поради црвен картон, беше најефикасен во поразениот табор со девет погодоци.