Се компелтираше првото коло кај кадетите: Убедливи победи за Еурофарм Пелистер 2, Мулти Есенс, Овче Поле и Охрид

148

Денеска се комплетираше првото коло во кадетската машка лига, а на денешните четири натпревари немаше голема неизвесност,  убедливи победи остварија екипите на Еурофарм Пелистер 2, Мулти Есенс, Овче Поле и Охрид.

Еурофарм Пелистер 2 – Младост Богданци 31:20 (17:10)

Младите битолчани водеа во текот на целиот натпревар и во ниту еден момент немаше закана за нивното водство. Гостите од Богданци на моменти парираа, но тоа не беше доволно за да го избегнат високиот пораз. Одлична партија во победничката екипа имаше Андреј Дамчевски со 13 погодоци, додека кај гостинскиот состав се истакна Никола Тасев со десет погодоци.

Мулти Есенс – Илинден Вардар 43:32 (21:11)

Избраниците на Муратовска и Глигоров тргнаа одлично и победата ја заверија уште во првото полувреме, кое го добија со 21:11, а вториот дел го одработија рутински. Домаќините погодуваа од сите позиции, а најмногу расположени за игра беа Јован Петрески и Стефан Ѓорѓиевски со по девет погодоци. Во таборот на Илинден Вардар се истакна Леон Николов со седум реализации, а шест додаде Петре Петровски.

Овче Поле – Радовиш 35:20 (18:13)

По израмнета игра во првите 20 минути, избраниците на Динев и Ристовски заиграа поангажирано, на полувреме дојдоа до плус пет, а во второто полувреме целосно го надиграа гостинскиот тим дозволувајќи му да постигне само седум погодоци.

Предводник во победата на Овче Поле беше Никола Јованов со девет погодоци, шест имаше Теофил Јанев, а кај гостите Стефан Велков со осум погодоци беше најдобар поединец.

Охрид – Струга 31:16 (15:6)

Во езерскиот двобој целосно доминираа охриѓани, кои немаа никакви проблеми за да дојдат до планираните бодови. Струга, која е значително ослабена со заминувањето на дел од најдобрите, немаше решение како да ги запре младите „гладијатори“.

Кадетскиот тим на Охрид беше предводен од Лукас Стефановиќ и Матео Силјаноски, кој минатата година го доби признанието за најдобар лев бек на Ф4 турнирот кај пионерите, двајцата играчи постигнаа по шест погодоци. Кај Струга, Валентин Ѓоргoвски, исто така, со шест погодоци беше најефикасен.

Кадетска машка лига, 1. коло, резултати:

Група А
Текстилец – Вардар 29:38 (15:19)
Мулти Есенс – Илинден Вардар 43:32 (21:11)
Еурофарм Пелистер 2 – Младост 31:20 (17:10)
Овче Поле – Радовиш 35:20 (18:13)

Група Б
Еурофарм Пелистер – Алкалоид 35:26 (15:12)
Прилеп – Македонија Ѓорче Петров 32:31 (14:15)
Преспа – Пролет 20:31 (10:15)
Охрид – Струга 31:16 (15:6)

 

Стартуваше кадетската лига: Шампионот славеше над Алкалоид, победи и за Вардар, Прилеп и Пролет

Порталот користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе

SPORT