Металург Автокоманда денеска инфирмираше дека сестрите Ања и Мила Лашковски, репрезентативки со извонреден талент и потенцијал, ќе бидат дел од тимот предводен од Јулијана Дамчевска.
Ања, која веќе настапи и на кадетското и младинското Европско првенство, покажа зрелост и борбеност што ретко се среќава на таа возраст. Нејзината посветеност и амбиција се доказ дека иднината на македонскиот ракомет е светла.
Заедно со нејзината сестра Мила, која исто така е дел од младинските репрезентативни селекции, овие две млади ракометарки претставуваат генерација на која со право се темели иднината на Металург Автокоманда.
Иако сè уште ќе настапуваат и во кадетската лига, двете ќе бидат дел од сениорскиот тренажен процес и ќе добиваат шанса за настап во првиот тим.